Connect with us

Тајмаут

„Барем ме шутна за Лео Меси“

Антонела Ракуцо е долгогодишен партнер на најдобриот светски фудбалер Лионел Меси.

Лео и Антонела се заедно од 2007 година, во брак се од 2017 година и имаат три сина, а интересно е што тие се познавале уште од детството.

Сепак, кога Меси и неговото семејство заминале во Шпанија, тие веднаш изгубиле контакт, а таа потоа имала сериозна врска со друг човек.

Сепак, сето тоа се смени кога Лео пристигна во Росарио во 2007 година. Тие започнаа да излегуваат, а сè беше опишано од нејзиниот братучед Лука.

„Излегов со Антонела и видов телефон кој и го даде Лео. Таа не кажа ништо, но сите знаевме дека се гледаат“.

Аргентинските медиуми издадоа и изјава од нејзиното поранешно момче кое имаше јасен став за сè.

„Барем таа ме шутна за Лео Меси“, рече тој во интервјуто во 2017 година со аргентинските медиуми.