Connect with us

Фудбал

Барса е на прагот да потпише со талент кој го „брка“ цела Европа, Озил и Роберто Карлос сакаат да ја расипат зделката!

Милан, Пари Сен Жермен, Борусија Дортмунд, Реал Мадрид… Сите досега покажаа сериозна желба да го ангажираат турскиот суперталент Арда Ѓулер, но се чини дека Барселона ја победи конкуренцијата и дека младиот ас на Фенербахче е најблиску до преселба на Камп Ноу.

Најголемиот талент на турскиот фудбал во последните десет години, ги полуде најголемите европски клубови, па ни Барселона не остана имуна. Иако се чинеше дека Каталонците не се фаворит на ниту една трка на летниот пазар поради финансиски проблеми, сепак најдоа начин да го искористат своето име и рејтингот.

Новиот спортски директор, Деко, многу сериозно го сфати потенцијалот на Арда Ѓулер и минатиот викенд го помина во Истанбул каде разговараше со играчот, неговиот татко и раководните лица на Фенербахче. Во принцип, тој доби зелено светло за реализација на трансферот. Арда Ѓулер има откупна клаузула од 17.500.000 евра бидејќи минатата сезона ја проби границата од 1.500 минути на теренот. Да играше помалку, клаузулата ќе беше само 5.000.000 евра.

Но, Фенербахче му даде голема минутажа токму на крајот на сезоната за да обезбеди повисока откупна цена. Играчот и покрај понудата за нов договор не се согласи на продолжување на соработката и Фенер го прифати неговото заминување. Тогаш започна трката на великаните… Деко брзо реагираше и отпатува за Турција, а на играчот и на неговото семејство им се допадна гестот што славниот Португалец стана на нозе и покажа сериозност. Покрај спортската визија што ја презентираше Деко, договорен е и бонус за потпис. Иако се шпекулираше дека таткото на Арда бара од клубовите околу 18.000.000 провизија за потпишување, Барса е подготвена да плати помеѓу 5.000.000 и 10.000.000 што би требало да биде доволно.

Врските на Барса со Турција се многу силни. Денеска треба да се одржи средба на Арда Ѓулер и неговиот татко со претседателот и тренер на Фенербахче, Исмаил Картал. Најголемата непозната е дали играчот ќе се согласи да остане уште една година во Истанбул како позајмен играч од Каталонците. Реал Мадрид ги ангажираше поранешните играчи Месут Озил и Роберто Карсос кои играа во Фенербахче и ја познаваат управата таму. Тие наводно веќе го контактирале Арда и го советувале да не потпишува за Барселона и дека неговите изгледи во Мадрид се подобри. Затоа Деко веднаш отишол во Истанбул да среди се лично. Се очекува Карлос да пристигне во Истанбул во друштво на уште една легенда на Реал, Емилио Бутрагено, а Арда да ја претстави понудата на Реал и каква иднина го чека во главниот град. Спортската перспектива можеби изгледа посветла во Мадрид, но конкуренцијата е и пожестока бидејќи Реал има неколку млади и скапи играчи од средниот ред кои се планирани како главни играчи во наредниот период. Во Барселона не е толку гужва…