Connect with us

Фудбал

Барса го доби најважното „ДА“!

Барселона има желба да го врати Лионел Меси во клубот, а Аргентинецот сака да се врати на местото каде остави се, но проблемите што ги има.

Финансиската (не)стабилност на Барселона не дозволува доведување на овој играч, потребна е продажба, но клубот од „Ноу Камп“ има план и ќе се држи до него за Чави да го има најдоброто на сите времиња во своите редови.

Денеска се одржа состанок со челниците на Примера и Барселона и се беше околу потенцијалниот трансфер на Лионел Меси, планот им беше презентиран на челниците на лигата и тие добија одговор.

„Планот за физибилити е прифатен. Враќањето на Меси во Барселона сега е финансиски изводливо!“ – пишуваат натписите на одредени медиуми блиски до Барселона.

Лионел Меси има профитабилни понуди од истокот, но неговата желба е јасна, не сака пари, требаше да го чека одговорот од челниците на лигата и сега се чини дека наеднаш скокнаа шансите Меси да стане нов играч на Барселона.

Се чини дека се ближи денот на неговото враќање…