Connect with us

Фудбал

Барса го задржува еден од своите најголеми таленти со клаузула за ослободување од 1 милијарда

Оваа недела Барселона ќе го обнови договорот со еден од своите најголеми таленти Пабло Мартин Паез Гавира или како што сите во Шпанија го нарекуваат – Гави. 

Младиот играч треба да го продолжи договорот до 2026. Тој ќе стане професионален фудбалер откако ќе наполни 18 години во август и ќе има ослободителна клаузула од една милијарда евра.

Според медиумите во Шпанија, потпишувањето на неговиот нов договор ќе се случи во четврток.