Поврзи се со нас

Фудбал

Барселона денеска продаде двајца играчи, Куман продолжува со „отказите“

Според светските медиуми, Барселона денеска договорила продажба на двајца играчи. Се работи за Нелсон Самедо, кој заминува во Вулверхемптон и Артуро Видал, кој се сели во Интер. Новиот тренер Роналд Куман продолжува со отказите. Не смета на услугите на овие двајца играчи.

Самедо со англискиот тим ќе потпише договор до 2025-та година, а следната недела ќе ги мине лекарските прегледи. Што се однесува до Видал, вечерва би требал да слета во Милано.

Advertisement