Connect with us

Фудбал

Барселона добива 500 милиони евра

Претседателот на Барселона, Лапорта му обезбеди на клубот заем од 500 милиони евра.

Според ЕСПН, Барселона добила заем од 500 милиони евра од американскиот инвестициски фонд Голдман Сакс.

Од оваа бројка, веднаш ќе бидат исплатени 100 милиони евра на каталонскиот клуб, а тие пари ќе ги покријат трошоците за неисплатените плати на фудбалерите.

Барселона е во огромни финансиски проблеми. Тие во моментов се најзадолжениот тим во Европа и нивните долгови изнесуваат неверојатни една милијарда и 200 милиони евра.

Ова создаде огромен проблем за Лапорта, кој се обидуваше да обезбеди позајмица за клубот, со цел да ги намали долговите до одреден степен.

На крајот, тој успеа. Голдман Сакс одлучи да му позајми 500 милиони евра на каталонскиот гигант, но нема сомнеж дека ќе оствари добар профит од овој бизнис.

Во летниот преоден рок, Барселона ќе се обиде да продаде фудбалери кои имаат високи договори, кои не се во преден план, и затоа има намера дополнително да го ослободи финансискиот дел од клубот.