Connect with us

Фудбал

Барселона е подготвена да ја плати клаузулата на Интер за Мартинез

Интересот на Барселона за Лаутаро Мартинез значи дека клаузулата за ослободување од 111 милиони евра е „ситница“.

За 22-годишниот Аргентинец се шпекулира дека е идеален наследник на Луис Суарез, а препораката за тоа дојде од самиот Лионел Меси.

Според „Тутопорт“, клаузулата од 111 милиони евра би можела да се опише како прилично добра понуда на пазар за Барселона.

Интер е загрижен поради овој факт и започна преговори со Мартинез за обновување и подобрување на договорот со цела да ја оттргне Барселона од идејата за трансфер на нивниот фудбалер.