Фудбал
Барселона ги интензивираше контактите со Јувентус и претставниците на Пјаниќ
Барселона не се откажува од Миралем Пјаниќ (28) и ги интензивира разговорите со Јувентус и претставници на Пјаниќ.
„Мундо Депортиво“ наведува дека Јувентус може да го “жртвува” Пјаниќ, со цел во своите редови да го доведат, Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Барселона е многу заинтересирана, а во последните неколку дена се шпекулираше дека Јуве од каталонците бара 80 милиони евра.
Лидерите на Барселона веруваат дека Пјаниќ ќе биде совршена поддршка на Бускетс и може да ги покрие сите позиции во средниот ред.