Connect with us

Фудбал

Барселона ги официјализираше бројките: Има неколку важни промени

Каталонскиот гигант Барселона денеска ги официјализираше бројките за новата сезона.

По завршувањето на преодниот рок има неколку важни промени, па клубот доби нова „седумка“, „десет“, како и нов сопственик на бројот 11.
Наследник на „десетката“ на Меси е Ансу Фати. Тој во иднина ќе го носи култниот број, а одлуката за промена на бројот ја донесе францускиот фудбалер Усман Дембеле.

Го напушти бројот 11 и го зеде дресот со број седум што до вчера го носеше Антоан Гризман, додека бројот 11 ќе му припадне на младиот австриски фудбалер Јусуф Демир.

Миралем Пјаниќ го задржа својот број 8, а новото засилување Лук де Јонг го зеде дресот со бројот 17.

Барселона добро влезе во новата сезона. Од трите одиграни натпревари беа постигнати седум поени, но освен првото коло, играта на избраниците на Роналд Куман не беше убедлива.

По репрезентативната пауза, Каталонците ги очекува голем предизвик и дуел против Баерн во Лигата на шампионите. Нивниот натпревар против Севилја во Примера е одложен.