Connect with us

Фудбал

Барселона го донесе ефтино, сега го продава осум пати поскапо

Францускиот прволигаш Ница е подготвен да го откупи договорот на Жан-Клер Тодиб од Барселона.

Тодибо дојде во Барселона од Тулуз во 2019 година, но претежно заминуваше на позајмица.

Тој беше платен само еден милион евра, а сега Барселона ќе добие 8,5 милиони евра од Ница како обештетување.

Тодибо одигра само пет натпревари за Каталонците, а на последната позајмица во Ница имаше простор за игра. Правилно си ја вршеше својата работа, поради што ќе биде откупен и ќе добие договор на четири години.

21-годишниот дефанзивец беше позајмен во Бенфика и Шалке пред Ница. Тој забележа 15 настапи во Франција и постигна еден гол.