Фудбал
Барселона и Куман постигнаа договор, вистинско богатство за Холанѓанецот
На Роналд Куман не му беше тешко да ја напушти Барселона.
Се шпекулираше дека ќе добие отштета од 12 милиони евра, но тоа ќе биде нешто помала сума.
Според шпанските медиуми, Холанѓанецот се согласил на десет милиони евра.
Куман доби отказ по поразот од Рајо Ваљекано, оставајќи го клубот во тешка позиција.
Во моментов Барселона е на седмото место во Ла Лига.
Каталонски спорт објави дека Барселона за овој преоден рок ќе има на располагање околу 20 милиони евра, но најголем дел од тие пари ќе одат за обештетување на Куман и на новиот тренер ќе му останат малку пари за некои можни засилувања.