Connect with us

Фудбал

Барселона издвои два кандидати за нов тренер

Холанѓанецот Роналд Куман (58) е пред отказ од тимот на Барселона.

58-годишниот тренер не ги оправда очекувањата на раководството на каталонскиот клуб и се очекува наскоро да ја напушти клупата на Барселона.

Многу имиња се поврзуваат со преземањето на каталонскиот великан, а „Мундо Депортиво“ тврди дека двајцата кандидати се издвојуваат.

Новинарот Роџер Торело носи информации дека засега Чави Хернандез и Роберто Мартинез се опциите за кои клубот најмногу размислува.

Проблемот е секако дека ниту еден од потенцијалните кандидати не е слободен. Чави со години работи во Катар, додека Роберто Мартинез ја предводи селекцијата на Белгија и најверојатно би требало да се плати одредена компензација.

Како еден од кандидатите се споменува и италијанскиот стручњак, поранешниот тренер на Јувентус, Андреа Пирло, кој во моментов е без работа.

Каталонските медиуми пишуваат дека првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, е јасен на својата позиција дека сака тренер кој би можел да работи во клубот со години и не сака преодни решенија.

Раководството на Барселона е многу активно во пронаоѓањето нов тренер, а Куман последниот натпревар на клупата би можел да го одигра в четврток против Кадиз.

Роналд Куман ја презеде Барселона во август минатата година од Кике Сетиен и го предводеше клубот на вкупно 59 натпревари.

Холанѓанецот, водејќи го каталонскиот гигант, постигна 36 победи, ремизираше на 11 натпревари и забележа 12 порази.

Со Барселона, Куман минатата сезона го освои Купот на кралот.