Фудбал
Барселона ја доби “драмата” на пенали, закажа финале против Реал Мадрид (ВИДЕО)
Фудбалерите на Барселона се пласираа во финалето на шпанскиот Суперкуп, бидејќи во Ријад победија по изведувањето пенали против Бетис со вкупен резултат 6:4.
По регуларните 90 минути натпреварот заврши без победник 1:1, а по дополнителни 30 минути беше 2:2. Барселона се пласираше во финалето по подобро изведување на пенали.
Головите за Барселона ги постигнаа Роберт Левандовски во 40. минута и Ансу Фати во 93. минута. Головите за Бетис ги дадоа Набил Фекир во 77. минута и Лорен Морон во 101. минута.
Барселона во финалето на 15-ти јануари ќе игра против Реал Мадрид кој синоќа ја совлада Валенсија исто така на пенали откако регуларниот дел беше 1:1.