Connect with us

Фудбал

Барселона ја подготвува последната понуда до Интер за Мартинез

Барселона, 7 септември 2020 (МИА) – Барселона има намера да ја подготви и испрати последната понуда на Интер за трансфер на напаѓачот Лаутаро Мартинез.

За Каталонците, 23-годишниот Аргентинец и натаму е приоритетна цел да го замени Луис Суарез.

Мартинез не крие дека би сакал да игра во ист тим со Лионел Меси. Сепак, откако каталонскиот капитен ја објави својата желба да го напушти клубот, Мартинез направи пауза во преговорите со Барселона.

Минатата сезона Аргентинецот постигна 14 голови и седум асистенции на 35 натпревари во Серија А. зс/