Connect with us

Фудбал

Барселона ја прославува својата 25-та титула, крај на надежите за опстанок на Депортиво

Барселона сега има 86 поени, 11 недостижни поени и меч помалку од второпласираниот Атлетико Мадрид

Фудбалерите на Барселона ја обезбедија својата 25-та титула во Ла Лига со победата од 4-2 (2-1) над Депортиво ЛА Коруња во натпреварот од 35. коло Примери.

Барселона дојде до 2:0 со головите на Кутињо во 7. минута и Меси во 38. минута, но домашниот тим успеа да се врати во игра со головите на  Лукас Перез во 40. минута и Чолак во 64. минута. Сепак, Меси во 82. и 85. минута со два гола во финишот од натпреварот ја обезбеди победата на Барселона и ја прослави титулата три кола пред крајот на првенството.

Барселона сега има 86 поени, недостижни 11 повеќе од вториот на табелата Атлетико Мадрид, кој претходно во неделата со минимални 1-0 (0-0) како гостин го победи Алавес. Единствениот погодок на натпреварот го постигна Гамеиро во 78. Минута од пенал.

Депортиво со овој поразот ги загуби шансите да остане во Примери, кој се наоѓа на 18-тата позиција со 28 бодови, 12 помалку од  Атлетик, Еспањол, Хетафе и Леванте. Уште порано, Малага и Лас Палмас го загубија својот прволигашки статус во лигата.