Фудбал
Барселона, Ливерпул и Тотенхем влегуваат во трка за младата ѕвезда на Интер
Италијанскиот репрезентативец Николо Барела има навистина фантастична сезона. Со неговите игри покажува дека прераснува во еден од најдобрите играчи за врска. Константно добрите партии не останаа незабележани.
Имено, според англиските медиуми Ливерпул и Тотенхем сериозно размислуваат по завршувањето на сезоната да го купат 23 годишниот фудбалер. Тој има договор со Интер до 2024-та година, а со оглед на тоа дека е еден од клучните играчи, тешко е да се верува дека италијанскиот тим ќе се раздели со него. И да се случи тоа, тогаш сумата за обештетувањето би била голема.
Пред два дена дел од каталонските медиуми објавија дека Барселона исто така пројавува интерес за Николо Барела.