Фудбал
Барселона му одржа лекција на Реал Мадрид, прв трофеј под водство на Чави (ВИДЕО)
Барселона го совлада Реал Мадрид во финалето на Суперкупот на Шпанија со 3:1, кое се одигра во Ријад, Саудиска Арабија. Со ова Барселона стигна до првиот трофеј под водство на Чави, а 14-ти вкупно во Суперкупот. Головите за Барселона ги постигнаа Гави 33-та, Левандовски 45-та и Педри 69-та, додека стрелец на голот за Реал беше Бензема во 93-та минута. Играч на мечот беше Гави кој постигна еден гол и асистираше за уште два.