Connect with us

Фудбал

Барселона не може без Меси, овој податок е потврда за тоа

Фудбалерите на Барселона синоќа беа поразени од Баерн со 3:0 на својот „Камп Ноу“ и со тоа се простија од учеството во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Интересно, ова е прв пат по сезоните 1997/98. и 1998/1999 година шпанскиот великан по групната фаза да го заврши натпреварувањето во елитното европско клупско натпреварување.

Неуспехот на Барса се совпаѓа со заминувањето на најдобриот играч во историјата на клубот, Лионел Меси, кој замина летото 2021 година и се пресели во Пари Сен Жермен.

Меси помина 17 години во првиот тим на Барселона и секој пат ја поминуваше групата од Лигата на шампионите.

Се надеваат на враќање на миленикот во Барса, а со него во тимот шансите на Каталонците конечно да стигнат до финалето би станале многу пореални.