Connect with us

Фудбал

Барселона подготвува спектакуларна понуда до Јувентус, дали вреди?!

Мундо Депортиво објави дека Барселона е силно заинтересирана за дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт. Воедно се потенцира дека самиот фудбалер не е премногу задоволен во Торино, па сака летово да ги промени клупските бои. Мундо Депортиво пишува дека за да го донесе во своите редови, Барселона е подготвена да понуди еден од тројцата фудбалери Антоан Гризман, Осман Дембеле или Миралем Пјаниќ.

Каталонците наскоро ќе испрата понуда до Јувентус, па ќе се чека одговор од „Старата дама“.