Фудбал
Барселона понуди 10 милиони евра за Ерик Гарсија
Барселона, 9 септември 2020 (МИА) – Барселона сака да го купи дефанзивецот на Манчестер сити, Ерик Гарсија. Каталонскиот клуб понуди 10 милиони евра за 19-годишниот Шпанец, но беше одбиен, пишува „Ел Мундо Депортиво“.
Каталонците се подготвени да ја зголемат својата понуда на 15 милиони, а доколку Британците повторно одбијат, Шпанците ќе почекаат до летото 2021 година, кога истекува договорот на играчот со „граѓаните“ по што тој ќе може да си замине бесплатно.
Претходно, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола изјави дека играчот ја одбил понудата за нов договор.
Минатата сезона, Гарсија одигра 20 натпревари на сите турнири. зс/