Фудбал
Барселона се исплаши и се откажа од дуелот во Мајами
Каталонскиот гигант Барселона се откаже од својата првична намера мечот против Џирона од Примера дивизион да го одигра во Мајами. Актуелниот шампион на Шпанија се откажа од таквата идеа поради сторгите санкции кои клубот би ги добил од УЕФА и ФИФА, кои јасно покажаа дека се протива таквата амбиција на шпанските клубови, пишува „АС“.

УЕФА ги предупредила Каталонците дека ризикуваат да бидат исфрлени од евротурнирите на една или две сезони, додека од ФИФА биле подготвени да им забрани на играчите на клубот да играат за националните тимови за истиот временски период.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин неодамна изјави дека никој не се консултирал со него за одигрување на натпреварот во Мајами.
- Во секој случај, потребни се дозволи, кои не биле побарани од федерациите на Шпанија и САД, како и од УЕФА и КОНКАКАФ. Дуелот нема да се игра, изјави Чеферин.