Connect with us

Фудбал

Барселона треба да одлучи во кое првенство ќе игра, дали во Италија, Шпанија, Франција или Англија

Жозеп Мариа Бартомеу, откри што ќе се случи, доколку биде прифатена одлуката на каталонскиот народ од референдумот за отцепување од Шпанија.

Барселона ја чека конечната одлука, а Бартомеу, по состанокот кој го имал со клупските челници изјави:

“Доколку биде прогласена независност, клубот и клупските челници ќе одлучат во која лига ќе се натпреварува Барселона”.

Англиските и француските медиуми веќе на големо пишуваат дека Барселона сериозно ја разгледува и опцијата за прием во Премиер лигата или Лига 1.

Минуваме низ еден тежок период, комплициран период. Во зависност од тоа што ќе се случи во блиската иднина, ние ќе донесеме конечна одлука, на мирен начин, изјави првиот човек на Барса.

Каталонскиот министер за спорт, Жерард Фигуерас, изминатата недела изјави дека Барселона, но и останатите каталонски клубови, ќе можат да играат во некои други земји доколку Каталонија прогласи независност.

Во случај на независност, каталонските клубови од Примера дивизион, Барселона, Еспањол и Жирона, ќе мораат да одлучат во кое првенство ќе играат. Дали во Италија, Шпанија, Франција или Англија, изјави Фигуерас.