Connect with us

Фудбал

Барселона вечерва стартува во ЛШ, а првиот човек Бартомеу ќе остане дома

Шпанските медиуми објавија дека претседателот на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу нема да може да го гледа мечот Барселона-Ференцварош на стадонот „Камп Ноу“. Според информациите, еден член од неговото семејство е позитивен на Ковид 19, поради тоа на останатите членови на семејството им е наложена самоизолација.

Тоа значи дека Бартомеу неколку дена ќе биде изолирам бидејќи директно бил во контакт со заразениот. Првиот тест бил негативен, но тој мора повторно за неколку дена да биде тестиран.

Постои можност и „Ел Класико“ да го гледа на телевизија и дома, кое е на програмата во сабота.