Connect with us

Фудбал

Барселона во голем проблем поради Жорди Алба

Уште од доаѓањето од Валенсија во 2012. година, Жорди Алба е еден од клучните играчи на Барселона.

Шпанскиот репрезентативец долго време е незаменлив на позиција лев бек на „Ноу Камп“, но сега би можело лесно да се случи да ја напушти Барселона.

Иако раководството на Барселона се обидува да го наговори да го продолжи договорот, тоа засега не оди во најдобар правец. Имено, условите на играчот се такви што клубот не може лесно да ги прифати.

Во случај да не дојде до договор, Барселона ќе настојува да го продаде Алба и на тој начин да заработи одреде паричен износ. Играч од калибарот како што е Алба може да бира каде сака да игра, а наводно за неговите услуги најмногу е заинтересиран Јувентус.

Покрај Јувентус, Алба го сакаат и двата клуба од Манчестер, како и ПСЖ, а Барса во случај на заминување на Алба би се обидела да го ангажира Филипе Луис од Атлетико Мадрид.

Жорди Алба неодамна се ‘прослави’ со изјавата за златната топка

Алба во дресот на Барселона одигра 178 натпревари и постигна седум голови. Претходно настапуваше за Валенсија, а за Шпанија забележа 67 настапи и постигна осум погодоци.

Неодамна изби во прв план кај медиумите поради изјавата за тоа дека „Златната топка е обична лага“, затоа што тврдеше дека Лионел Меси е најдобриот играч на светот, а не Лука Модриќ.

„Златната топка е една голема лага! Постои доста притисок од страна на клубовите, медиумите и се останато кога е во прашање тој избор. Сите знаат дека Меси е најдобар на светот. Таа награда треба да биде да индивидуални постигнувања, а не за титули со клубот. За мене тој е најдобар и точка. Пеле нашто зборуваше дека е далеку пред Меси, но тогаш тој е слеп ако така зборува“, кажа Алба.