Фудбал
Бартомеу се согласи: Суарез е слободен и може да оди во Мадрид
Според пишувањата на „Марка“ само часови го делат Луис Суарез од Атлетико Мадрид. Наводно и првиот човек на Барселона, Жозеп Бартомеу изјавил дека Уругваецот е слободен и може да се пресели во Мадрид.
Во изминатиот период тој се поврзуваше со Јувентус, но трансферот не се реализираше бидејќи италијанскиот тим веќе го има потполнето дозволениот број на странци, а Суарез не успеа навреме да го положи тестот за италијански јазик со што би добил италијански пасош.
Суарез и Барселона се договориле за раскин на договорот, а каталонскиот тим ќе му ги исплати сите финансиски сретства според договорот за последната година која требаше да ја доработи.
#LaPortada Hecho: Luis Suárez, al Atlético ?️ https://t.co/781gXfi0X6
— MARCA (@marca) September 23, 2020