Connect with us

Фудбал

Баварски дрес за Павард

Актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), излезе како победник во трката по потписот на францускиот интернационалец од редовите на Штутгарт, Бенџамин Павард.

Репрезентативецот на Франција го привлече вниманието на европските гигант благодарение на одличните игри кои ги презентираше за време на Мундијалот во Франција, но баварскиот гигант беше побрз од Барселона, Јувентус, ПСЖ и Наполи.

За да ги осигура услугите на Павард, Баерн (М) мораше да ја активира ослободителната клаузула во неговиот договор вредна 35 мил. евра.