Фудбал
Бејл може да го напушти Реал
Мадрид, 15 септември 2020 (МИА) – Напаѓачот Герет Бејл може да го напушти Реал Мадрид во летниот преоден рок, пренесува „Ел Мундо Депортиво“.
Главен претендент за 31-годишниот Велшанец е Манчестер јунајтед, но клубовите сè уште не се договориле за висината на обесштетувањето.
Претходно беше објавено дека Реал толку многу сака да се ослободи од Бејл, што дури беше подготвен да плати половина од неговата плата доколку го напушти клубот.
Минатата сезона, Велшанецот настапи на само 16 првенствени натпревари во Шпанија, на кои постигна два гола. Фудбалерот игра во Реал од 2013 година, каде се пресели од Тотенхем. зс/