Connect with us

Фудбал

Бејл се враќа на терените по двомесечна пауза

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, ќе се врати во теренот утре на дуелот со Фуенлабрада во 1/16финалето од Шпанскиот куп.

Велшанец ги пропушти претходните 11 натпревари поради повреда. Неговиот последен настап беше на 26 септември против Борусија од Дортмунд во Лигата на шампионите.

Бејл е во Реал од 2013 година, освои три титули во Лигата на шампионите, три трофеи во УЕФА Суперкупот, една титула во Примера, еден трофеј на Светското клупско првенство и по еден Шпански куп и Супер куп на Шпанија.