Фудбал
Бејл во новиот клуб ќе заработува 570.000 евра неделно
Велшкиот репрезентативец Герет Бејл, веројатно ќе го напушти Реал Мадрид ова лето, а во новиот клуб го чека богат договор.
Манчестер Јунајтед е клуб кој е сериозен заинтересиран за Бејл, и за двојниот стрелец во финалето од Лигата на Шампионите е подготвен да плати најмалку 100 милиони евра.
Покрај тоа, на Бејл на Олд Трафорд, му се „насмевнува“ годишна плата од околу 30 милиони евра, а неделно на неговата сметка „Црвените Ѓаволи“ ќе уплаќаат по 570.000 евра.
Бејл не доби вистинска шанса кај Зинедин Зидан и тоа е главната причина поради која тој сака да замине, а во Премиер лигата се прослави во дресот на Тотенхем, па доколку потпише за Јунајтед сигурно ќе доби мотивација и голем предизвик во неговата кариера.
Јунајтед ќе се обиде да ја заврши приказна околу Бејл во јуни, а Реал Мадрид можеби ќе сака да се задржи по добрата игра во Киев и заминување Зидан, но 100 милиони е бројка што е привлечна, па дури и големите клубови каков што е Реал.