Connect with us

Фудбал

Белгија на колена, Мароко е хит (ВИДЕО)

На осмиот ден од Светското првенство во Катар на програмата се натпреварите од групите Е и Ф. Првиот термин ни донесе неверојатна победа на Костарика против Јапонија – 1:0 (0:0), што значи дека секоја репрезентација во групата Е сега е во игра за следната рунда.

Веднаш по тој натпревар следеше сензационална победа на Мароко над Белгија – 2:0 (0:0), која сега го зазема првото место во групата. Стрелци на головите беа Сабири 71-ва и Абоуклал 90+2.

Од 17 часот Хрватска и Канада ќе ги вкрстат копјата во натпревар кој е од големо значење за двете селекции со оглед на тоа што „ватрените“ имаат само еден бод, додека Канада е на дното на табелата (0).

На крајот на денот нè очекува вистинско уживање. Дуелот меѓу Шпанија и Германија овојпат ќе го има епитетот „да се биде или не“.

Во случај на пораз, „панцерите“ многу веројатно би биле елиминирани (во зависност од исходот на натпреварот Јапонија – Костарика), додека Шпанија би можела да го потврди пласманот во следната фаза од натпреварувањето.

Неделна програма:

11.00 часот Јапонија – Костарика 0:1

14.00 Белгија – Мароко 0:2

17.00 часот Хрватска – Канада

20.00 часот Шпанија – Германија