Фудбал
Белгија со победа над Швајцарија, Хрватска ремизираше со Англија
Репрезентативците на Белгија покажаа одлична игра и со 2:1 успеаа да ја совладаат репрезентацијата на Швајцарија во Лигата на нациите.
Во првото полувреме мрежите мируваа и на двете страни, Белгија се закани во 10. минута преку Каросо и во 20. минута преку Тиелеманс, но резултато остана непроменет.
Белгија дојде во водство во 58. минута од натпреварот кога Муние го проигра Лукау, на кој не му беше тешко да ја смести топката во голот.
Швајцарија успеа да дојде до изедначување во 76. минута од натпреварот, а голот го постигна Гаврановиќ.
Белгија продолжи со одличната игра и нападите кон противничкиот гол, а тоа се исплати во 84. минута кога Лукаку ги постави конечните 2:1 за Белгија.
Во дербито на денешниот ден во Лигата на Нации, игра овогодинешните полуфиналисти на последниот Мундијал во Русија, селекциите на Хрватска и на Англија. Мечот се играше во Ријека пред празни трибини, а заврши без голови. И покрај нерешениот резултат, сепак, натпреварот изобилуваше со шанси, а Англија ја погоди пречката од голот на Хрватите.
Австрија минимално ја совлада С. Ирска со 1:0. Финска со триумф си замина од Естонија, додека Грција со 1:0 ја победи Унгарија.
Белорусија славеше во дуелот со Луксембург исто така минимално со 1:0, а Молдавија ја забележа најубедливата победа од 2:0 над Сан Марино.
РЕЗУЛТАТИ:
ЛИГА А: Белгија – Швајцарија 2:1, Хрватска – Англија 0:0
ЛИГА Б: Австрија – С. Ирска 1:0
ЛИГА Ц: Естонија – Финска 0:1, Грција – Унгарија 1:0
ЛИГА Д: Белорусија – Луксембург 1:0, Молдавија – Сан Марино 2:0