Фудбал
Бензема асистираше, Асенсио и Винисиус погодуваа, Валенсија не шутна на голот на Реал Мадрид (ВИДЕО)
Реал Мадрид колку толку го одржува чекорот со лидерот Барселона. Синоќа на домашен терен ја совлада Валенсија со 2:0, во меч во кој противникот не успеа да упати ниту еден шут во рамките од голот на „Кралевите“.
Реал целосно го надигра противникот. Две асистенции на Бензема, прво за Асенсио во 52-та, па две минути подоцна за Винисиус Жуниор за 2:0 и три бода.
Барселона е лидер со 50 бодови на средината од сезоната, а Реал Мадрид има 45.
Standings provided by Sofascore