Фудбал
Бензема би можел да се врати за дербито со Атлетико
Карим Бензема ќе ги пропушти следните два натпревари, но би можел да се врати навреме за градското дерби со Атлетико Мадрид, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти. Францускиот напаѓач беше принуден да го напушти теренот во класичната победа од 3-0 на гости против Селтик во Лигата на шампионите во неделата поради проблем со коленото, со првични стравувања од посериозна повреда што ќе го исклучи на подолг временски период.
Сепак, Анчелоти ги смири навивачите на шпанскиот и европскиот шампион на неговата прес-конференција пред дуелот на „белите“ со Мајорка, велејќи дека еден од фаворитите за „Златната топка“ би можел да се врати во акција за една недела или нешто повеќе. По натпреварот со Мајорка, кралскиот клуб се соочува со РБ Лајпциг во Лигата на шампионите пред да гостува во Атлети следната недела. „Нема да го форсираме враќањето на Бензема. Сигурно нема да игра против Лајпциг, но за дербито ќе оценуваме понатаму. Ако не игра против Атлетико, нема да оди да игра за Франција на паузата за репрезентациите“, категоричен беше италијанскиот стручњак.
Бензема по половина час на Паркхед беше заменет со Еден Азар, кој го постигна третиот гол во победата, при што се очекуваше Белгиецот да биде во првите редови на нападот против Мајорка, ефективно да го замени францускиот стрелец. „Азар добро се снајде против Селтик. Во недела пак ќе се обложувам на него. Да се надеваме дека ќе може да го повтори својот силен настап. Не очекувам да игра како Бензема, но сакам да игра добро и да се комбинира со останатите соиграчи во нападот“, додаде Анчелоти.
Тој, исто така, рече дека нема замена за Бензема, со алтернативни опции кои нудат различни сили во последната третина, истакнувајќи го Винисиус Јуниор, кој постигна гол на секој од последните четири натпревари на белите. „Го немаме Карим и бидејќи тој е најдобриот напаѓач на светот, нема кој да го замени на трансфер пазарот. Но, тој може да биде заменет со други играчи кои имаат различни карактеристики. Винисиус станува поконстантен во финиширањето, во постигнувањето голови. Тешко промашува пред противничкиот гол, таму значително се подобри. Сакам да истакнам дека продолжува да има добар став, цврсто е на земја, работи – сака да се подобрува секој ден“, заклучи тренерот на Реал.