Connect with us

Фудбал

Бензема го одби Њукасл, веќе го одбра следниот клуб

Карим Бензема моментално е меѓу најдобрите играчи во светот и легитимен кандидат за освојување на Златната топка.

Супербогатиот саудиски фонд го презеде Њукасл Јунајтед пред неколку недели, а страчките веќе размислуваат за можни засилувања откако Еди Хау беше назначен за тренер.

Една од желбите за засилувања во нападот беше и одличниот Бензема, но францускиот репрезентативец им се заблагодари на интересот на страчките и ја одби нивната понуда.

Сепак, според странските медиуми, одбивањето на Њукасл Јунајтед не мора да значи останување во Реал Мадрид, чиј член е од 2009 година.

Реал и Лион му дадоа практично се во кариерата на 33-годишниот напаѓач, а сега тој би можел да им заби нож во грб, особено доколку се реализира најавениот трансфер.

Имено, Бензема оствари трансфер на отворени врати во ПСЖ, особено во случај на „Сантијаго Бернабеу“ да дојдат Килијан Мбапе или Ерлинг Халанд.

ПСЖ во изминатиот период формираше тим полн со ѕвезди, меѓу кои и Лионел Меси, а со оглед на одличните плати стана мамка за најдобрите играчи на денешницата.

Евентуалното патување до Паркот на принцовите би било сериозен удар за Реал кој води студена војна со ПСЖ, додека тој трансфер секако не би им се допаднал на навивачите на Лион.

За 11 години во дресот на Реал, Бензема освои четири Лига на шампиони, досега постигна 293 гола, а општиот впечаток е дека го игра својот најдобар фудбал во последните три сезони, откако си замина Кристијано Роналдо.