Connect with us

Фудбал

Бензема: Голот против Ливерпул не беше случајност, среќата не постои, сето тоа е предмет на работа

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, рече дека неговиот гол од финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул не е резултат на среќа, но истакна дека тоа е предмет на работа.

Фрачцузинот голот го постигна по големата грешка на голманот на Ливерпул, кој се обиде да ја додаде топката до дефанзивците, но Бензема ги следеше неговите движења, и ја постави ногата а топката заврши во мрежата. 

Две недели по натпреварот, Бензема беше на разговор со медиумите и изјави дека голот не беше резултат на среќа и дека се најде на прво место во право време. 

“Моја гол од Киев против Ливерпул не е прашање на среќа, јас не верувам во среќа се е предмет на работа. Тоа беше лесна задача, но требаше да се биде таму, на право место во право време за да се направи тоа”, рече Бензема.