Фудбал
Бензема преку Твитер им даде до знаење на своите соиграчи дека следуваат промени
Карим Бензема објави интересно видео на Твитер поради кое се чини дека најави некои промени во Реал Мадрид.
Имено, Бензема објави видео додека тој сè уште играше во дресот на Лион кога постигна гол од слободен удар. Французинот изведува слободни удари доста добро, но покрај Кристијано Роналдо, тој едноставно не можеше да се изрази во Реал.
Сепак, се чини дека Бензема реши конечно да изведува слободни удари и шпанските медиуми веруваат дека тој го потврдил ова објавувајќи го видеото на Твитер.
Откако Роналдо го напушти клубот, играчите на Реал Мадрид изведоа 51 слободен удар и постигнаа само три гола. Головите ги постигнаа Герет Бејл, Дани Себалос и Серхио Рамос.
Бензема шутираше само еднаш од толку многу слободни удари и ги извести соиграчите дека сега тој сака да го прави тоа многу почесто.
Lyonnais ce soir vous pouvez rendre fiers et heureux toute une ville on est tous derrière vous ! Et Tino continues de réaliser tes rêves ! ??#ASSEOL #TeamOL #Derby pic.twitter.com/W1UZA6tAwX
— Karim Benzema (@Benzema) January 24, 2021