Фудбал
Бензема „уловен“ од камерите во тунелот: Мене подади ми ја топката, тој игра против нас (ВИДЕО)
Карим Бензема беше стрелец на еден, Касемиро на друг гол во мечот против Менхенгладбах со што Реал Мадрид иако губеше 2:0 сепак остана непоразен. Но, за време на полувремето надзорните камери го „уловија“ Бензема како озборува и критикува соиграч.
Обраќајќи му се на Менди, Бензема му рекол: Мене подади ми ја топката, не на него, тој игра против нас.
Медиумите тврдат дека ова се однесувало на неговиот партнер во нападот Винициус Жуниор. Дали оваа снимка ќе предизвика проблеми во соблекувалната и поделба во кланови останува да се види. Ова секако не му требаше на Зинедин Зидан, кој и така има проблеми поради променливата игра на тимот.