Connect with us

Фудбал

Бензема за прв пат јавно зборуваше за Златната топка: Тоа е „ситница“ за која размислувам и јас

Франс фудбал ќе одржи церемонија за доделување на Златната топка на крајот на следниот месец.

Поради пандемијата на коронавирус минатата година, никој не ја освои Златната топка, но сега оваа церемонија повторно се враќа и ќе го добиеме најдобриот играч за 2021 година.

Франс Фудбал неодамна објави листа од 30 кандидати кои се натпреваруваат за освојување на оваа награда, и се чини дека конкуренцијата одамна не е толку неизвесна.

Многумина имаат свои фаворити за освојување на оваа награда, а еден од нив е Карим Бензема кој игра навистина фантастично во дресот на Реал Мадрид и француската репрезентација.

Бензема е главниот играч на кралскиот клуб веќе неколку сезони и игра навистина на врвно ниво. Многумина веруваат дека тој заслужи да ја освои Златната топка, но јасно е дека конкуренцијата е многу жестока.

Францускиот напаѓач за првпат зборуваше за оваа награда и призна дека сонувал за освојување на Златната топка уште од дете.

“Се разбира како момче сонував да ја освојам Златната топка. Моите идоли Роналдо и Зинедин Зидан ја освоија Златната топка играјќи за Реал Мадрид и за тоа размислувам за “ситница”. Верувам дека не сум далеку од Златна топка“, рече Бензема.

33-годишниот напаѓач досега одигра десет натпревари во сите натпреварувања за Реал Мадрид оваа сезона и веќе постигна десет гола и додаде дури седум асистенции.