Connect with us

Други спортови

Бердих против Агут во финалето на Доха

Чехот Томаш Бердих го откажа учеството на турнирот во Оукленд следната недела, откако стигна до финалето во Доха, каде што денес ќе се соочи со Шпанецот Роберто Баутиста Агут.

Потсетуваме, Баутиста Агут вчера го совлада светскиот рекер бр.1 Новак Ѓоковиќ во полуфиналето.

Бердих, кој учествува на турнирот со „вајлд карта“, се справи во два сета против Марко Чекинато (Италија) со 7:6 (6), 6:3.

Чехот, кој во моментов е бр.71 на светската АТП листа, губеше со 2:4 во првиот сет, но стигна до тајбрејк и го освои, а во вториот сет, 33-годишниот чешки ветеран поведе со 3:0 и на крајот не му остави шанси за пресврт на противникот.