Connect with us

Фудбал

„Беше 88. минута и губиме 0:1, а Роналдо ми вели дека ќе победиме – постигна два гола до крајот!“

Португалија во вторник ја очекува голем натпревар.

Оваа репрезентација ќе се сретне со Македонија во финалето од квалификациите за Светското првенство во Порто на стадионот Драгао, откако во полуфиналето ја совлада Турција со 3:1.

Во квалификациската група второпласирана заврши зад Србија, а пред Ирска, Луксембург и Азербејџан.

Португалија имаше многу проблеми со Ирска. Во Португалија со многу мака победи со 2:1, а на Островот беше 0:0.

Репрезентативецот на оваа земја, Данило Переира, откри анегдота поврзана со натпреварот на кој славеа со 2:1, одигран на 1 септември 2021 година.

Да потсетиме дека Ирска водеше до 89. минута со голот на Еган од 45. минута, откако Роналдо промаши пенал, а потоа Роналдо погоди во 89. и во шестата минута од судиското продолжение погоди за пресврт и три бода на поранешниот европски првак.

„Во последните минути од натпреварот со Ирска, Роналдо сосема мирно испи вода и ми рече да не се грижам и ќе победиме. Гледав во екранот на стадионот и беше 88. минута“, изјави Переира и продолжи:

„Помислив – што!? Не му одговорив, но на крајот го добивме тој натпревар. Роналдо ги постигна двата гола – еден во 89. и еден во 96. минута од натпреварот“.

Да потсетиме, директниот пласман на Роналдо и Португалија во Катар зависеше од натпреварот со Србија, која во последното коло од квалификациите славеше со 1:2 во Лисабон, а ќе видиме дали нивниот успех во вторник од 20:45 часот ќе може да го повтори и Македонија.