Connect with us

Тајмаут

Беше меѓу најплатените фудбалери во светот, а сега има само 742 евра на својата сметка!

Асамоа Гјан е пред банкрот, иако своевремено беше осми најплатен фудбалер во светот додека настапуваше за кинескиот Шангај . Сè му тргнало надолу во 2018 година поради брачни проблеми, сомневајќи се дека децата не се негови. Имал конфликти со сопругата, подоцна било утврдено дека тоа се негови деца, но и покрај тоа поради тужба морал да плати голема отштета на семејството на поранешната сопруга.

Тој  призна дека на сметката му останале 724 евра по влегувањето во бизнисот, иако во текот на кариерата заработил десетици милиони евра играјќи за Сандерленд, Рен, Ал Аин…

Затоа направи пресврт и реши да врши хуманитарна работа.

– Не бев фер кон жителите на Гана. Ќе продолжам со хуманитарна работа и ќе им помагам на младите на мој начин. Ништо од политиката – изјави Гјан. Од човек кој заработил 274.000 евра месечно дошол да има „трошки“ на сметката…