Connect with us

Фудбал

Беше само прашање на време: Ѕвездата на Реал се побуни против Лопетеги

Тренерот на Реал Мадрид Жулен Лопетеги се повеќе е на удар на критики поради лошите резултати кои ги бележи со кралскиот клуб.

Во Мадрид не паметат кога се случило да на четири натпревари во низа немаат постигнато ниту еден гол, а многумина сметаат дека за тоа најголем виновник е Лопетеги.

Одамна траат шпекулациите дека некои ѕвезди на Реал Мадрид се против режимот на Лопетеги, а првиот која јасно и гласно кажа дека незадоволен е Тони Крос.

На Германецот не му се допаѓа дефанзивната позиција на која Лопетеги упорно го форсира, а во еден разговор со новинарите по синоќешниот натпревар против Холандија кажа: „Не сум јас Каземиро, не би требало да играм на таа позиција“.

Поснато е дека Тони Крос е еден од најдобрите креатори на играта меѓу фудбалерите, така да прилично е нејасно зошто Жулен Лопетеги го „гуши“ во формацијата која ја преферира.

Дека на Крос навистина не му годи нешто по дефанзивна улога на теренот се гледа и по резултатите на Реал, но и по неговата индивидуална статистика затоа што во оваа сезона на десет натпревари се уште нема ниту гол, ниту асистенција.