Connect with us

Други спортови

Беше спортистка на 20-от век, но и втора најпродавана зајачица на Плејбој

Необичната биографија на една од најистакнатите спортистки во 20-от век кога во прашање е уметничкото лизгање, Катарина Вит, никого не може да остави рамнодушен.

Катарина е родена на трети декември 1965 година во западен Берлин, Германија. Таа во младите години покажала голем талент за спорт, па била испратена да учи во спортската гимназија „Карл Маркс“, денешен Кемниц. Една од најсексапилните спортистки на сите времиња пред неколку години сними документарен филм за својата фантастична кариера, а голем дел посветила на местото каде го оствари најголемиот успех – Сараево.

Доколку некој рече дека Вит била најдобрата лизгачка на сите времиња, сигурно ќе наиде на негирања, но ретко кој нема да се сложи дека била најубавата.

Катерина на Зимските олимписки игри во Сараево 1984 година го освои златниот медал. Таа, при бодувањето од судиите, за една десетинка беше подобра од фаворитката Розалин Самерс од САД. Германката при својот настап успеа да изведе три троскока во слободната програма, што до тогаш не беше видено во женското лизгање. Поради извонредниот настап беше прогласена за „женски спортист на годината“ во Источна Германија и го доби статусот на модна и спортска икона.

По триумфот во Сараево започна доминацијата на Катарина Вит. Беше европска шампионка пет години во низа (1984-1988), додека светското злато го освои во 1984, 1985, 1987 и 1988 година. Во 1986 година мораше да се задоволи со сребрениот медал, додека две години подоцна успеа да го одбрани олимпиското злато во Калгари.

Не само што успеа да ги помрдне границите на акробатиката и грациозноста во натпреварувањето, туку ја проби и границата атрактивниот и провокатинвниот костим кој го носела на натпреварувањата.

Во 1998 година Каратина ја израдува машката популација откако прифати да се фотографира за „Плејбој“. Тоа бил вториот најпродаван број на познатиот магазин уште од првиот број, каде насловната страна беше пополнета со сексапилната Мерлин Монро. Следната година Германката беше прогласена за најдобра лизгачка на 20-от век и „најомилена спортистка во Америка“.