Connect with us

Фудбал

Беше во поголеми проблеми, но до синоќа не видовме ваквото лице на Бензема: Камерите снимија се

Тешко е со зборови да се опише како се чувствуваа играчите, стручниот штаб и навивачите на Реал Мадрид синоќа откако беше одбележан крајот на натпреварот против Барселона.

Реал претрпе тежок пораз од Барселона пред своите гледачи со резултат 4:0, а можеше да биде и полошо. На Реал му недостасува Карим Бензема, апсолутен лидер, најдобар играч и стрелец на кралскиот тим.

Францускиот репрезентативец поради повредата го следеше дуелот меѓу неговиот тим и Барселона од трибините, но камерите во неколку наврати го забележаа неговиот израз на лицето кој кажуваше се.

Тој беше поранешен напаѓач на Лион и во далеку потешки ситуации во кариерата, но едвај еднаш беше разочаран и беспомошен како синоќа.

Оваа сезона Бензема постигна 32 гола на 34 натпревари во сите натпреварувања и можно е работите да беа далеку поинакви за Реал доколку тој беше на теренот.

И покрај овој болен и тежок пораз, избраниците на Карло Анчелоти се први со 66 бодови и имаат девет бода повеќе од второпласираната Севиља. Третопласираната Барса има 54 бода и главна цел им е пласман во Лигата на шампионите, иако според прикажаното во последно време Чави и неговите момци заслужуваат многу повеќе од тоа.