Фудбал
Бешикташ ги победи Трабзон и Динамо Загреб за новиот македонски дијамант, плати половина милион евра!
Само неколку дена откако стана првак на Турција, Бешикташ успеа да ги заврши преговорите за ангажман на македонскиот фудбалски талент Бесарт Гуџуфи. Младинскиот репрезентациец на Македонија и досегашен член на Беласица од следната сезона ќе настапува во Турција. Според информациите Бешикташ ги победил Трабзон и Динамо Загреб во трката за новиот македонски фудбалски дијамант, кого во Турција го споредуваат со Елиф Елмас кој блескаше во Фенербахче, кој потоа за 17 милиони го продаде на Наполи.
-Среќен сум што дојдов во најдобриот тим во Турција. Од денеска мојата цел е да бидам се подобар и подобар на секој нареден натпревар и да го дадам максимумот во дресот на Бешикташ, изјави Гуџуфи.
Според информациите Гуџуфи ќе има месечна плата од 8000 евра, а договорот е за наредните пет години.