Connect with us

Фудбал

Бешикташ одби да го доигра дербито во Купот со Фенербахче

Раководството на Бешикташ официјално објави дека играчите на тимот нема да се појават за доигрувањето на реванш-дуелот од полуфиналето на Купот на Турција против Фенербахче.

Средбата беше прекината во 57-та минута при резултат 0:0, кога тренерот на Бешикташ беше погоден во главата од предмет фрлен од навивачите на „фенерите“.

Турската федерација го разгледа случајот и одлучи дека двата тима треба да го доиграат натпреварот пред празни трибини на 3 мај.

– Веќе 115 години сме по фудбалските терени – сме победувале, сме ремизирале или сме губеле. Но за да не влегуваме во улогата на губитници, зедовме решение да не се појавуваме за натпреварот на 3 мај. Ја прифаќаме одлуката на федерацијата со тага и огорченост, пишува во официјалното соопштение на веб-сајтот на Бешикташ.

Првиот натпревар помеѓу двата тима заврши со резултат 2:2.