Connect with us

Фудбал

Бешикташ во очајното издание, Манчестер Сити го прегази Клуб Бриж

Вечерва од 18:45 часот се одиграа првите два натпревари од третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

Бешикташ беше домаќин на Спортинг во дуел на екипи кои до вечерва беа без ниту еден бод, а првите бодови ги носи тимот од Лисабон.

Тимот од Истанбул имаше кошмарна вечер, пред се поради очајната игра во одбраната, која направи разлика во овој натпревар, и му донесе на Спортинг лесна и убедлива победа.

Ги видовме речиси сите голови, поточно четири од пет, во првите 45 минути, а потоа еден куп шанси што беа пропуштени на двете страни, а Паулињо постигна одличен гол во 90. минута за конечни 4:1. Што се однесува до првите 45 минути, Коутс постигна два гола за Спортинг, двата пати по изведувањето на корнер и лошата реакција на одбраната на Бешикташ, а во 44. минута Домагој Вида направи пенал за игра со рака, а Сарабија погоди за 3:1

Бешикташ го постигна единствениот гол во 24. минута. Миралем Пјаниќ изведе корнер, а Ларин со глава погоди за 2:1.

Во вториот дуел од групата Ц, Ајакс и Борусија Дортмунд ќе се сретнат во 21 часот. Овие две екипи имаат по шест бода и се најблиску до пласман во нокаут фазата.

Манчестер Сити беше домаќин на Клуб Бриж и дојде до победата премногу лесно. Граѓаните славеа со 5:1, а стрелци беа Кансело, Вокер, Палмер и Махрез кој постигна два гола за гостите, и Ванакен за домашниот тим. Во вториот натпревар од оваа група ќе се сретнат ПСЖ и Лајпциг.