Connect with us

Фудбал

Без Златан не оди: Галакси понижен во Сиетл!

ЛА Галакси доживеа вистинска катастрофа на “Кантри линк фиелд” во Сиетл против домаќинот Саундерс. Тие беа поразени со 5:0.

Загубата на тимот на Златан Ибрахимовиќ од Лос Анџелес беше скапа. Тие добија пет гола и одиграа еден од најлошите натпревари во сезоната.

Маршал постигна гол по само три минута игра за 1:0, а голот на Шипа во 18 минути го зголеми водството до 2:0.

Со овој резултат се отиде на одмор. Караско ја погоди својата мрежа во 50-та минута за 3:0, а во финишот Ролдан и Рудиас постигнаа по еден гол за конечни 5:0.

Сиетл со оваа победа дојде на само два поени зад Галакси во ЛЛС, а ова е четвртата игра на Лос Анџелес без победа.