Connect with us

Други спортови

Би-Би-Си го прекина преносот од дуелот меѓу Ѓоковиќ и Надал на Олимписките игри и ги налути навивачите

Новак Ѓоковиќ го совлада Рафаел Надал со 2:0 во сетови во 16-финалето на тенискиот турнир на ОИ во Париз. За тоа колку беше возбудлив и интересен денес овој тениски класик, доволно говорат и вестите од Островот, каде фановите се бесни затоа што Би-Би-Си престана да го емитува мечот меѓу Ѓоковиќ и Надал и се префрли на женско рагби!

Очигледно, Би-Би-Си веруваше дека гледачите повеќе ќе ги интересира судирот меѓу Велика Британија и Јужна Африка во овој спорт.