Connect with us

Фудбал

Би се вратил во Реал или Интер

Португалскиот фудбалски експерт Жозе Мурињо изјави дека нема намера да се враќа во Бенфика, но тоа би му била голема чест повторно да го води Реал (М) и Интер.

Мурињо моментално е слободен откако беше отпуштен минатиот месец од Манчестер Јунајтед. Веќе почнаа шпекулациите дека тој може повторно да седне на клупата на Интер, каде што беше 2008-2010, а потоа замина во Реал до 2013 година.

  • Немам намера да се враќам во Португалија, Бенфика не е опција за мене. Би ми била голема чест да се вратам во Реал или Интер, но се уште не сум разговарал за такво нешто. Кога еден тренер или играч се враќа во клубот, тоа значи дека тој направил позитивни работи таму, изјави Мурињо.